Почетна страна Контакт

Сојуз на возачи на Македонија
 
Органи

Органи на управување на СВМ се Собранието и Извршниот одбор.

Собранието е највисок орган на управување во СВМ, и во негова надлежност спаѓа утврдувањето на политиката и развојната платформа на Организацијата. Го сочинуваат вкупно 31 претставник со мандат од 4 години, од кои 27 од Здруженијата на возачи и максимум 4 претставници директно избрани од правните субјекти со кои СВМ соработува во остварувањето на своите цели и задачи.

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието и во негова надлежност е спроведувањето на политиката и актите на Собранието. Го сочинуваат вкупно 11 члена избрани од Собранието, со мандат од 4 години. На чело на Извтшниот одбор се наоѓа претседател кој воедно е и претседател на Собранието на СВМ и го претставува СВМ.

Извршниот одбор формира и Стручен совет составен од секретарите на ЗВ во РМ и секретарот на СВМ. Стручниот совет е надлежен да расправа за стручни прашања поврзани со дејноста на СВМ и дава сугестии, предлози и препораки на ИО на СВМ.

За извршување на административно-стручните, помошните и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на целите и задачите на СВМ, формирана е и стручна служба на чие чело како раководен орган се наоѓа секретар именуван од Извршниот одбор. Секретарот на стручната служба воедно е и секретар на СВМ и негов правен застапник.

 






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.