|
Сојуз на возачи на Македонија
Цели
и задачи
Примарна цел
на постоењето
и работењето
на СВМ
е зголемување
на безбедноста
во сообраќајот
на патиштата
во Р.Македонија,
а во секојдневното
настојување
да го оправда
своето постоење
и да ја исполни
својата цел
СВМ ги
врши меѓу другите
и следниве работи
и задачи, зацртани
во својот Статут:
- организира
служба која
се грижи за
одржување,
сервисирање
и баждарење
на опремата
во станиците
за тех. преглед;
- организира
и спроведува
разновидни
форми на активности
насочени на
подигање нанивото
на сообраќајната
култура кај
сите учесници
во патниот
сообраќај,
а особено кај
возачите на
моторни возила,
децата и младината;
- самостојно
и во соработка
со други фактори
што работат
на унапредувањето
на безбедноста
во патниот
сообраќај,
организира
и развива активности
насочени за
поголема безбедност
во патниот
сообраќај;
- врши контрола
над работата
на ЗВ заради
обезбедување
законито и
стручно извршување
на дејностите
од јавен карактер;
- активно
учествува
во постапката
за донесување
на прописи
од областите
во кои ја остварува
својата дејност
(безбедност
во патниот
сообраќај,
организација
на превозот,
стандардизација
и хомологација
на возилата),
со давање забелешки,
мислења и предлози,
како и со непосредно
учество во
телата што
работат на
нивно подготвување;
- остварува
меѓународна
соработка
со организации
и тела со исти
или слични
цели и задачи;
- заради сообраќајно-техничко
образование
и воспитание
на учесниците
во сообраќајот,
особено на
возачите, издава
стручно образовна
литература
сврзана со
статутарните
цели и задачи
и објавува
текстови од
овој карактер
во списанието
“Современ возач”.
- се грижи
за подобрување
на работните
и животните
услови за возачите,
автомеханичарите
и вработените
со слични занимања,
како и за остварување
на правото
на бенифициран
работен стаж
на одделни
категории
возачи.
СВМ како
докажана организација
во својата
област,
во насока
на остварување
на своите основи
цели и задачи,
врши и јавни
овластувања
пренесен со
Закон и врз
основа на акти
од надлежните
државни органи,
како што се
хомологациските
прегледи на
единечно увезени
возила во Р.
Македонија,
издава меѓународна
возачка дозвола
и одобрение
за управување
туѓо моторно
возило во странство.
Јавните овластувања
СВМ ги
врши непосредно
или посредно
преку своите
членки во единствен
систем.
Дејностите
од својот делокруг
СВМ ги извршува
со висок степен
на професионалност
и стручност,
а во согласност
со меѓународниот
стандард за
квалитет ISO
9001:2000. |