Почетна страна Контакт

Регистрација
 
Повторна регистрацијата (кога се врши и потребни документи)

Повторна регистрација се врши нарегистрирано возило во Македонија, доколку неговиот сопственик, односно носител на правото на користење го променил местото на живеење, односно седиштето во друго регистарско подрачје, или новиот сопственик, односно носител на правото на користење на возилото има живеалиште, односно седиште во место кое припаѓа во друго регистарско подрачје во Македонија.

Кон барањето за повторна регистрација на возилото се прилага следново:

1.
Сообраќајна дозвола за возилото;
2. Доказ за одјава на возилото;
3. Важечка лична карта, односно известување за распоредувањето;
4. Исправа со која се докажува промената на сопственоста, заверена од нотар(доколку е променет и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото).

При повторната регистрација на возилото, се издава нова сообраќајна дозвола и регистарски таблици, а предходната сообраќајна дозвола се одзема.






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.