Почетна страна Контакт
 

Регистрација

За да можете со вашето возило да учествувате во сообраќајот на патиштата, освен тоа што возилото мора да биде технички исправно- што се докажува со технички преглед, тоа мора да биде и регистрирано. Услов зарегистрирање на возилото е тоа да е технички исправно.

Регистрацијата на возилата се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, во пропишанатаевиденцијата за регистрираните возила.

Регистрација на возилата се врши според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото.

Возилото се регистрира на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење(физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Регистрацијата важи една година, што значи  таа треба да се обновува, односно продолжува секоја година.

Прва регистрација, продолжување на регистрацијата и повторната регистрација се врши во станиците за технички преглед на Здруженијата на возачи во РМ, каде се подготвуваат и издаваат сите потребни документи во постапката.






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.