Почетна страна Контакт
 

Технички преглед

Технички преглед на возила се врши во вкупно 29 станици за технички преглед кои работат во состав на ЗВ во РМ, распоредени на целата територија на Македонија , не сметајќи ги располо ж ливите капацитети на АСУЦ Боро Петрушевски и Аутомакедонија АД Скопје (покрај другото со уште 2 станици за технички преглед на возила, во кои СВМ на граѓаните на Република Македонија им пружа соодветни услуги.

Техничките прегледи се вршат со цел да се провери техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата.

Техничкиот преглед е постапка со која што правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив определени со Законот за возила, прописите донесени врз основа на тој Закон како и упатствата на производителот на уредите и опремата што се употребуваат при техничките прегледи.

При вршењето тех нички прег лед се утврдува дали возилото ги има и се во исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за осветлување на патот и на возилото и за изпуштање на согорените гасови, како и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во сообраќајот.






 
© 2008 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.