|
Сојуз на возачи на Македонија
Сојузот на возачи на Македонија е невладина и неполитичка организација , со целосен правен субјективитет , во чии рамки функционираат 22 правни лица , базирани на слободно зачленување на граѓаните . Формиран е во далечната 1957 година како Сојуз на здруженијата на возачите и автомеханичарите на Македонија и се до осамостојувањето на нашата држава функционираше во склопот на Сојузот на возачи на Југославија . Во својот повеќе од 50- годишен развоен период има постигнато солидно ниво на организационен , кадровски и технички план , а одраз на ова е обезбедениот статус на вршител на повеќе постапки за официјална проверка и контрола на моторните и приклучните возила .
Денес СВМ претставува а социјација , здружение на граѓани - возачи и граѓани , настанато со здружување на здруженијата на возачи на градовите во РМ , заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности насочени кон збогатување на сообраќајно - техничкото образование , сообраќајната култура , безбедноста во сообраќајот , подобрување на условите за работа и живеење на возачите и граѓаните и други прашања од заеднички интерес. СВМ функционира и работи согласно Уставот на РМ , Законот за здруженија на граѓани и фондации , Договорот за здружување на здруженијата на возачи во Македонија во Сојуз на возачи на Македонија и својот Статут .
Основна дејност и насока на развој на СВМ е вршењето на задолжителен технички преглед на моторни и приклучни возила . Во моментов во рамките на Сојузот функционираат вкупно 29 овластени испитни места (станици за технички преглед), распоредени на целата територија на земјата , во кои се прегледуваат повеќе од 50% од регистрираните возила во Македонија .
Заради остварувањето на сопствените цели и задачи, СВМ има воспоставени односи на деловно-техничка соработка со АСУЦ Боро Петрушевски и Аутомакедонија АД Скопје , самостојни правни субјекти кои имаат долгогодишен , сопствен и афирмиран идентитет на полето на едукацијата , превентивата и безбедноста во сообраќајот на патиштата . |