|
Хомологација
Сојузот на возачи на Македонија заеднички со АСУЦ Боро Петрушевски и Аутомакедонија АД Скопје врши услуги за испитување на хомологациска сообразеност на единечно увезени возила .
Постапката за испитување на хомологациска сообразеност на возила се спроведува при увоз и прва регистрација на возилото, при што се проверува и потврдува исполнетоста на хомологациските регулативи и директиви кои се на сила во Р. Македонија. При тоа се проверува дали сите делови и уреди кои подлежат на хомологациски испитувања ги имаат соодветните ознаки и дали возилото како целина ги задоволува условите пропишани со меѓународните хомологациски барања и домашната законска регулатива .
Сојузот на возачи на Македонија, овој вид на проверки го врши во своите акредитирани испитни места, кои функционираат во склоп на станиците за технички преглед при здруженијата на возачи во Битола, Велес, Гостивар и Охрид .
Во Скопје врз основа на воспоставените односи на деловно - техничка соработка, овој вид на проверки СВМ го врши во испитните места на АСУЦ Боро Петрушевски и Аутомакедонија АД Скопје .
|