|
Хомологација
Сојузот на
возачи на Македонија
е овластена
организација
за испитување
на хомологациска
сообразеност
на единечно
увезени возила
од категоријата
М1. Во оваа категорија
спаѓаат возилата
за превоз на
патници кои
покрај седиштето
на возачот
имаат најмногу
осум седишта
и чија најголема
маса не надминува
3500[kg].
Постапката
за испитување
на хомологациска
сообразеност
на возила се
спроведува
при увоз и прва
регистрација
на возилото,
при што се проверува
и потврдува
исполнетоста
на хомологациските
регулативи
и директиви
кои се на сила
во Р. Македонија.
При тоа се проверува
дали сите делови
и уреди кои
подлежат на
хомологациски
испитувања
ги имаат соодветните
ознаки и дали
возилото како
целина ги задоволува
условите пропишани
со меѓународните
хомологациски
барања и домашната
законска регулатива.
Сојузот на
возачи на Македонија,
овој вид на
проверки ги
врши во своите
акредитирани
испитни места,
кои функционираат
во склоп на
станиците
за технички
преглед при
здруженијата
на возачи во
Скопје, Битола,
Велес и Охрид.
|