|
Хомологација
Хомологација
на единечно возило
Постапката
за испитување
на хомологациска
сообразеност
на единечно
прегледано
возило е задолжителна
за сите возила
кои поединечно
се увезуваат
во нашата држава,
освен за една
мала група
на возила кои
според домашната
законска регулатива
(Наредба за
хомологација,
Сл. весник бр.84/01),
не подлежат
на овој тип
на испитувања.
Пред да влезе
во постапка
за хомологација,
увозникот
(физичко или
правно лице)
треба да го
пријави возилото
за увоз во една
од царинските
испостави
од каде добива
два документи
– Влезна царинска
декларација
и Упат за утврдување
на техничките
карактеристики
на возилото,
со кој возилото
се упатува
до овластена
организација
за вршење на
хомологација
на единечно
возило.
Постапката
за хомологација
на единечно
возило се одвива
во неколку
фази, и тоа:
| 1. |
Увозникот
поднесува
Барање за
преглед на
возило до
овластената
организација,
со кое во прилог
ги доставува
следните документи:
|
- Упат за утврдување
на техничките
карактеристики
на возилото
(издаден од
царинската
испостава);
- Потврда
за техничките
карактеристики
на друмско
возило и за
меѓународните
хомологациски
прописи кое
истото ги исполнува,
која може да
биде издадена
од:
- Хомологацискиот оддел на производителот на возилото,
- Овластениот
застапник
на производителот
во Р. Македонија,
- ТUV Verkehr und fahrzeung niederlassung од
Минхен;
- Фотокопија
од Влезна царинска
декларација
(издадена од
царинската
испостава)
- Фотокопија
од странска
сообраќајна
дозвола (ако
возилото претходно
било регистрирано)
или документ
за идентификација
на ново возило
(фактура, декларација
на производителот
или слично)
- Фотокопија
од купопродажен
договор.
| 2. |
По направената
анализа на
влезната документација,
постапката
продолжува
со преглед
на возилото
при што се проверува
усогласеноста
на сите делови
и уреди на возилото
со меѓународните
хомологациски
регулативи
кои моментално
се на сила во
Р. Македонија.
|
| 3. |
Ако
по извршениот
преглед и направената
споредба на
податоците
од прегледот
со податоците
од влезната
документација
се заклучи
дека возилото
ги исполнува
сите хомологациски
барања, овластената
организација
ја потврдува
хомологациската
сообразеност
на возилото
и издава два
документи,
и тоа: |
- Потврда
за сообразеност
на единечно
прегледано
возило, документ
врз основа
на кој се врши
царинење на
возилото и
- Изјава за
сообразеност
на единечно
прегледано
возило, документ
кој служи во
постапката
на прва регистрација
на возилото
во Р. Македонија.
Претходно
опишаната
постапка можете
да ја извршите
во испитните
места на Сојузот
на возачи на
Македонија,
кои располагаат
со добро обучен
стручен кадар
и современа
опрема за квалитетно
и ефикасно
извршување
на работите
од областа
на хомологациски
проверки на
возила.
Надоместок
за хомологација
на единечно
воизло изнесува
6850,00 денари за
сите видови
на возила. |