Почетна страна Контакт

Проверка на пропишаните
техничко-експлоатациони услови
за вршење на јавен превоз
 
Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока

Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни техничко-експлоатациони услови, односно мора да имаат:

1.
врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото;
2.
разгласен уред за известување на патниците;
3.
исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291 К и уред за вентилација и
4.
физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници.

Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток.






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.