Почетна страна Контакт

Проверка на пропишаните
техничко-експлоатациони услови
за вршење на јавен превоз

 
Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)

I. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во меѓумесниот и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:

1.
Правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта;
2.
Исправен радиоапарат и разгласен уред заизвестување на патниците;
3.
корпи за отпадоци и средества за дезинфекција;
4.
исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 291є К;
5.
исправен уред за вентилација;
6.
завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита;
7.
пластични хигиенски кеси за потребите на патниците и
8.
простор за багаж од 0,15 м2 по секое седиште.

II. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот градски и пригратски сообраќај треба да ги исполнуваат следниве  техничко-експлоатациони услови:

1.
правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди;
2.
исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 291є К; 
3.
потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце;
4.
три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото;
5.
до излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез;
6.
средства за дезинфекција;
7.
доколку во возилото нема кондуктер треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите.

III. Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или пригратскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:

1.
да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десната страна;
2.
разгласен уред за известување на патниците;
3.
исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291є К и
4.
исправен уред за вентилација.

Со комби возилата можат да се превезуваат само онолку патници колку што има места за седење.






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.