|
Документи
Зелена
карта (меѓународно осигурување од автоодговорност)
Зелената карта
е меѓународен
документ за
осигурување
од автоодговорност
кој сопственикот,
односно корисникот
на моторното
возило задолжително
мора да го поседува
при патување
надвор од границите
на Р. Македонија.
Зелената карта
се издава врз
основа на сообраќајната
дозвола за
возилото и полисата
за задолжителното
осигурување
од автоодговорност.
Договорот
за меѓународно
осигурување
од автоодговорност
се склучува
со осигурителната
компанија
кај која возилото
е осигурано
од автоодговорност
при регистрацијата.
Зелената карта
се издава во
сите станици
за технички
преглед во
рамките на
ЗВ во РМ, членки
на СВМ, на барање
на сопственикот
на возилото.
Зелената карта
може да се добие
со рок на важење
од 1, 3, 6, или 12 месеци,
за патнички
возила и приколки,
односно 3, 6 или
12 месеци, за сите
останати возила
(комбинирани,
автобуси, товарни,
влекачи и други)..
Рокот на важење
на Зелената
карта не може
да биде подолг
од рокот на
важење на основната
полиса за осигурување
од автоодговорност.
|