|
Документи
Одобрение
за управување со туѓо моторно возило
Возачите-македонски
граѓани при
патување надвор
од границите
на нашава земја
со возило чиј
сопственик
е друго лице
мора да поседуваат
посебно одобрение
за управување
со тоа возило
во странство(ОТВ).
Овој документ
служи како
доказ, пред
нашите гранични
служби и пред
надлежните
органи на државите
во кои се патува,
дека возилото
не е украдено
или на друг
начин отуѓено,
односно дека
возачот со
него се служи
легално согласно
вољата на сопственикот
на возилото.
ОТВ се издава
врз основа
на лична карта
на сопственикот
на возилото
и сообраќајната
дозвола за
возилото, како
и пасошот на
лицето на кое
возилото се
отстапува
на користење.
Доколку возилото
е во сопственост
на правно лице,
неопходен
е допис од правното
лице, заверен
со печат и потпишан
од овластено
лице, во кој
мора да се наведат
името, презимето
и бројот на
пасошот на
лицето кое
ќе управува
со возилото
во странство,
регистарската
ознака, марката
и типот на возилото,
како и согласноста
наведеното
лице да управува
со возилото
во странство.
Присуството
и на сопственикот(за
правно лице-
одговорното
лице) и на корисникот
на возилото
е задолжително,
а задолжителни
се и нивните
потписи на
самото одобрение.
Роко на важење
на ОТВ изнесува
една година
од денот на
издавањето,
со тоа што може
да биде и пократок
во зависност
од вољата на
сопственикот
на возилото.
Одобрението
може да се користи
за повеќе патувања
во странство,
се до истекот
на неговата
важност.
Одобрението
за управување
туѓо моторно
возило се издава
непосредно
во просториите
на СВМ и во сите
станици за
технички преглед
во рамките
на ЗВ во РМ.
|