|
Документи
Меѓународна
возачка дозвола
При патување,
односно управување
на моторно
возило во странство,
возачите мора
да поседуваат
важечка Меѓународна
возачка дозвола(МВД).
Овој документ
всушност претставува
препис на националната
возачка дозвола
на повеќе светски
јазици. Формата
и содржината
на образецот
на МВД се меѓународно
унифицирани,
а се пропишани
со Меѓународната
конвенција
за сообраќајот
на патиштата
(Виена, 1968 год.).
Меѓународната
возачка дозвола
е потребна
при патување
во повеќето
европски држави,
а во земјите
во кои не се
бара, поседувањето
на оваа дозвола
е неопходно
за управување
на автомобили
со тамошни
регистарски
таблици или
рент-а-кар возила.
МВД може да
им се издаде
на сите возачи
кои поседуваат
важечка национална,
македонска
возачка дозвола.
Овој документ
го издава Сојузот
на возачи на
Македонија
врз основа
на јавно овластување
добиено од
МВР, а може да
се добие непесредно
во просториите
на СВМ, како
и во сите станици
за технички
преглед во
рамките на
ЗВ во РМ, членки
на СВМ.
За издавање
на МВД потребно
е да се поднесат
на увид:
- важечка македонска
возачка дозвола;
- лична карта
или пасош
- две фотографии
(3,5 x 4,5 cm
МВД се издава
со рок на важење
од 3 години, со
тоа што овој
рок може да
биде и пократок,
доколку важноста
на возачката
дозвола истекува
во период помал
од 3 години од
денот на издавањето
на МВД. Во овој
случај МВД
се издава со
рок на важење
до датумот
на кој истекува
важноста на
македонската
возачка дозвола.
|