Почетна страна Контакт
 

Сојуз на возачи на Македонија

Сојузот на возачи на Македонија е невладина и неполитичка организација, со целосен правен субјективитет, во чии рамки функционираат 26 правни лица, базирани на слободно зачленување на граѓаните. Формиран е во далечната 1958 година како Сојуз на здруженијата на возачите и автомеханичарите на Македонија и се до осамостојувањето на нашата држава функционираше во склопот на Сојузот на возачи на Југославија. Во својот 45 годишен развоен период има постигнато солидно ниво на организационен, кадровски и технички план, а одраз на ова е обезбедениот статус на вршител на повеќе постапки за официјална проверка и контрола на моторните и приклучните возила.

Денес СВМ претставува Асоцијација, здружение на граѓани-возачи и граѓани, настанато со здружување на здруженијата на возачи на градовите во РМ, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности насочени кон збогатување на сообраќајно-техничкото образование, сообраќајната култура, безбедноста во сообраќајот, подобрување на условите за работа и живеење на возачите и граѓаните и други прашања од заеднички интерес. СВМ функционира и работи согласно Уставот на РМ, Законот за здруженија на граѓани и фондации, Договорот за здружување на здруженијата на возачи во Македонија во Сојуз на возачи на Македонија и својот Статут.

Основна дејност и насока на развој на СВМ е вршењето на задолжителен технички преглед на моторни и приклучни возила. Во моментов во рамките на Организацијата функционираат вкупно 34 овластени испитни места (станици за технички преглед), распоредени на целата територија на земјата, во кои се прегледуваат повеќе од 50% од регистрираните возила во Македонија.






 
© 2004 Сојуз на возачи на Македонија. Сите права задржани.